Начин и рок за пријавување

Студентите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk. Студентите може да конкурираат за прием само за еден студентски дом. Рокот за пријавување на студентите од II година и повисоките години почнува од 15.07.2025 година и трае до 31.07.2025 година. Рокот за пријавување на студентите од I година почнува од 10.09.2025 година и трае до 17.09.2025 година. Доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови остануваат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавување ќе продолжи се до пополнување на истите, но најдоцна до 30.11.2025 година.

Потребни документи

Студентите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk и тоа:

1. Потврда за редовност во текот на студиите;
2. Уверение со бројот на положени испити од претходните години (кое го издава факултетот);
3. Заверен образец „УППИ” (го пополнува и заверува факултетот);
4. Студентите запишани за првпат во I година, потребно е да прикачат копија од дипломата за завршено средно образование и потврда за запишани редовни студии (или друг документ со кој ќе потврдат дека се примени на факултет);
5. Изјава за семејната положба на студентот, односно неговото потесно семејство;
6. Кандидатите-студенти без родители и родителска грижа (да имаат потврда од надлежен Центар за социјални грижи, потврда од домот каде што се згрижени или друга соодветна документација со која ќе докажат дека се деца без родители) и студенти кои се категоризирани како лица со посебни потреби (да имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој) со кој ќе го докажат нивниот статус;
7. Изјава за користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка;
8. Изјава за идентичност на податоците;
9. Изјава од родител – старател за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана во домот;
10. Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец jуни 2025 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата (за родителите-старатели вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите-старатели вработени во приватни фирми да се достави потврда за плата како и заверена декларација за прием на платата); за пензионираните членови на семејството да се достави документ за висина на пензија-чек; за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход, за корисниците на социјална помош да се прикачи последното решение или последен чек, за инвалидитет да се прикачи лекарска белешка, додека за членовите на потесното семејство (браќа/сестри на кандидатот), кои се ученици/студенти, се прикачува потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција;
11. Министерството за образование и наука по службен пат, согласно потпишани договори за соработка, ќе ги обезбеди следните документи:
– Уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители- старатели на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;
– Потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок невработените членови на потесното семејство од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија;
– Извод на родени за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на матични книги;
– Уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

Кандидатите сo некомплетна документација нема да бидат рангирани.

НАЧИН НА ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ

Студентите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk.

Кандидатите-студенти без родители и родителска грижа и студенти кои се лица со посебни потреби ги прикачуваат документите под реден број 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и 9.

Горенаведените документи се прикачуваат електронски и тоа почнувајќи од 15.07.2025 година до 31.07.2025 година, додека студентите од I година документите ги прикачуваат почнувајќи од 10.09.2025 година до 17.09.2025 година.

Кандидатите сo некомплетна документација нема да бидат рангирани.

Начин и постапка за прием на студенти

Начинот и постапката за прием на студентите во студентските домови и други сместувачки капацитети, како и условите за сместување и исхрана се регулираат согласно Законот за студентскиот стандард и Правилникот за начинот на прием на студентите во државните студентски домови (“Службен весник на Република Македонија” број 89/13, 98/13 и 130/16). Во согласност со правилникот за прием на студентите, успехот од средното образование, успехот во текот на студирањето, редовноста во студирањето и семејно-материјалната положба на студентите се основните елементи за рангирање и прием на студентите во студентските домови.

Конечниот список за прием на студентите од II година и повисоките години ќе се објави најдоцна до 06.09.2025 година на огласните табли во студентските домови каде конкурирал студентот и на веб страницата на Министерството. Приговорите по резултатите се доставуваат во самиот дом каде што имаат аплицирано во рок од 10 дена од денот на објавувањето на резултатите.

Конечниот список за прием на студенти од I година ќе биде објавен најдоцна до 30.09.2025 година на огласните табели во студентските домови каде што конкурирал студентот и на веб-страницата на Министерството. Приговор по однос на резултатите се доставуваат во самиот дом каде што аплицирал студентот во рок од 10 дена од денот на објавувањето на резултатите.

Ако бројот на студенти кои ги исполнуваат условите согласно утврдените групи во глава I.2 од овој Конкурс е помал од предвидениот број на легла, слободните места ќе се пополнуваат по редослед со студенти кои ги исполнуваат условите од другите групи.

Доколку се обезбедени соодветни услови, слободните места во студентските домови ќе може да се пополнат со ученици, согласно условите од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Северна Македонија за учебната 2025/2026 година.

Рокови за сместување

Студентот се вселува во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој е примен, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список.

Документи за превземање