Начин и рок за пријавување

Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во студентскиот дом. Студентите може да конкурираат за прием само за еден студентски дом.

Рокот за пријавување на студентите од II година и повисоките години почнува од 17.07.2023 година и трае до 31.07.2023 година. Рокот за пријавување на студентите од I година почнува од 01.09.2023 година и трае до 11.09.2023 година.

Доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови остануваат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавување ќе продолжи се до пополнување на истите, но најдоцна до 30.11.2023 година.

Потребни документи

Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во студентскиот дом: 
1. Барање;
2. Потврда за редовност во текот на студиите;
3. Уверение со бројот на предвидени и положени испити од претходните години;
4. Заверен образец “УППИ”;
5. Студентите запишани за прв пат во I година, доставуваат копија од дипломата за завршено средно образование и потврда за запишани редовни студии (или друг документ со кој ќе потврдат дека се примени на факултет);
6. Изјава за семејната положба на студентот, односно неговото потесно семејство;
7. Кандидатите-студенти без родители и родителска грижа (да имаат потврда од надлежен Центар за социјални грижи, потврда од домот каде што е згрижен или друга соодветна документација со која ќе докажат дека се деца без родители) и студенти кои се категоризирани како лица со посебни потреби (да имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој) со кој ќе гo докажат нивниот статус;
8. Изјава за користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка;
9. Изјава за идентичност на податоците;
10. Изјава од родител – старател за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана во домот;
11. Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец Jуни 2023 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата (за родителите-старатели вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите-старатели вработени во приватни фирми да се достави потрда за плата како и заверена декларација за прием на платата); за пензионираните членови на семејството да се достави документ за висина на пензија-чек; за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход, за корисници на социјална помош да доставува последно решение или последен чек, за инвалидитет да се достави лекарска белешка, додека за браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција;
12. Министерството за образование и наука по службен пат, согласно потпишани договори за соработка, ќе ги обезбеди следните документи:
– уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки,добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители- старатели на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;
– потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок невработените членови на потесното семејство од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија;
– извод на родени за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на матични книги;
– уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

Достава на документи

Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во студентскиот дом

Кандидатите-студенти без родители и родителска грижа и студенти кои се лица со посебни потреби ги доставуваат документите под реден број 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10.

Кандидатите нема да бидат рангирани ако прикачената документација е:
– Некомплетна.

Начин и постапка за прием на студенти

Начинот и постапката за прием на студентите во студентските домови и други сместувачки капацитети, како и условите за сместување и исхрана се регулираат согласно Законот за студентскиот стандард и Правилникот за начинот на прием на студентите во државните студентски домови (“Службен весник на Република Македонија” број 89/13, 98/13 и 130/16). Во согласност со правилникот за прием на студентите, успехот од средното образование, успехот во текот на студирањето, редовноста во студирањето и семејно-материјалната положба на студентите се основните елементи за рангирање и прием на студентите во студентските домови.

Конечниот список за прием на студенти од II година и повисоките години ќе биде објавен на 05.09.2023 година на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и на веб страницата на Министерството. Приговор по резултатите се доставуваат електронски на електронската адреса: studentski.smestuvanja@mon.gov.mk во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите.

Конечниот список за прием на студенти од I година ќе биде објавен на 30.09.2023 година на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и на веб страницата на Министерството. Приговор по однос на резултатите да се достави електронски на електронската адреса: studentski.smestuvanja@mon.gov.mk во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите.

Доколку бројот на студенти, кои ги исполнуваат условите согласно утврдените групи во глава I.2 од овој Конкурс, е помал од предвидениот број на легла, слободните места ќе се пополнуваат по редослед со студенти кои ги исполнуваат условите од другите групи.

Доколку се обезбедени соодветни услови, слободните места во студентските домови ќе може да се пополнат со ученици, согласно условите од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година.

Рокови за сместување

Студентот се вселува во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој е примен, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список.

Документи за превземање


1. Изјава за идентичност на податоците (симни)


2. Изјава за подмирување на трошоците (симни)


3. Изјава за семејна положба (симни)


4. Изјава за согласност (симни)


5. Барање (симни)


6. УППИ 2023 (симни)